Дома Фудбал Останато Ериксен започна со тренинзи

Ериксен започна со тренинзи

Кристиан Ериксен ги обнови тренинзите скоро шест месеци после срцевиот удар кој го имаше на ЕП.

Ериксен моментално се наоѓа во својата татковина Данска, а денес започна тренинзи со топка во Оденсе, клубот каде ја започна својата кариера.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Ериксен доби срцев удар на првиот меч од ЕП,а потоа му беше вграден електричен дефибрилатор.

Последните контроли покажале дека неговата ситуација е стабилна и може да одржува лесни тренинзи.

Меѓутоа, Ериксен има забрана за тренинзи и настапи во Италија, па моментално се наоѓа во Данска каде тренира со Оденсе.

Поради фактот што не може да игра во Серија А, за да ја продолжи својата професионална кариера на лето може да се пресели во Данска или Холандија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Енрике отпиша една од ѕвездата: Асенсио на праг на потпишување со европски гигант

Летниот трансфер период е во тек. Некои трансфери веќе се завршени, други се во фаза на пр…