Дома Трансфер зона Милан тргнува по ново засилување!

Милан тргнува по ново засилување!

Управата на Милан никако да запре, после 10 ангажирани фудбалер и две најавени, спремаат уште едно засилување.

Милан оваа сезона направи неверојатна реконструкција на тимот, ангажираа 10 нови фудбалери, а на пат се да реализираат уште два големи трансфери.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Како што пренесува секогаш добро упатениот, Џанлука Ди Марцио, „росонерите“ се на пат да ангажираат ново засилување. Во прашање е фудбалерот на Лил, Анвар Ел Гази.

Овој 22 годишен Холанѓанец минатата сезона го напушти Ајакс и премина во екипата на Лил за во трансфер вреден осум милиони евра.Сепак, тој не се сложува со тренерот на Лил, Марсело Биелса, па би можел да го напушти францускиот клуб ова лето.

Во Милано исто така се свесни дека би можеле лесно да стигнат до потписот на овој фудбалер, Лил не би барал преголема оштета, а познато е дека Монтела сака уште еден офанзивен фудбалер во своите редови до крајот на преодниот рок.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи се засилува со „џин“ во одбраната

Челзи е еден од заинтересираните тимови за услугите на Тосин Адарабиојо од Фулам, кој …