Легендарниот француски тренер Арсен Венгер се наоѓа пред враќање на тренерската работа.
Медиумите од Холандија објавија дека 70-годишниот стратег е прв кандидат за селекторската функција на репрезентацијата, која ќе ја напушти Роналд Куман.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Куман ќе биде нов тренер на Барселона, па така останува празно местото на холанѓанската репрезентација, а Венгер реши брзо да реагира и ги понудил своите услуги.
Наводно постои интерес и од Фудбалскиот сојуз на Холандија и нема да биде чудно доколку Венгер седне на селекторското место.
Минатата недела француските медиуми пишуваа дека Венгер ја одбил понудата на Барселона да го замени Сетиен, бидејќи повеќе сака да ја води Холандија на Европското првенство следното лето.