Дома Топ вести Интер сака уште еден фудбалер на Манчестер Јунајтед

Интер сака уште еден фудбалер на Манчестер Јунајтед

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер е во напреднати преговори со младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Тахит Чонг.

20-годишниот крилен фудбалер се смета дека ќе биде новата „голема ѕвезда“, но не добива голема минутажа на „Олд Трафорд“, па поради тоа не сака да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед кој истекува на крајот на сезоната.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Неодамна се појавија шпекулации дека Јувентус веќе му понудил на Чонг „пристојна“ плата и богати бонуси доколку одбие да ја продолжи соработката со Јунајтед и дојде во Торино.

Но, сега Интер презеде конкретен чекор за да ги расипе плановите на Јувентус и да го намами младиот офанзивен играч за врска во неговите редови.

Италијанските медиуми тврдат дека „нероаѕурите“ се сретнале со Синух Мохамед, менаџер на Чонг и „ставиле на маса“ петгодишен договор вреден два милиони евра по сезона, со опција за автоматско зголемување на приходите во зависност од натпреварите на Чонг.

Исто така, се верува дека Интер подготвил пет милиони евра „награда“ за менаџерот на Чонг, доколку младиот Холанѓанец пристигне во Милано.

Чонг може да биде четвртиот фудбалер од Манчестер Јунајтед кој ќе се пресели на „Џузепе Меаца“ откако претходно Интер ги донесе, Лукаку, Санчез и Ешли Јанг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Артета носи големо засилување во борбата за титулата

Арсенал е силно заинтересиран за играчот на Реал и турскиот талент, Арда Гулер, прене…