Дома Фудбал Барселона и Реал ќе бидат во ист хотел и заедно ќе патуваат до „Камп Ноу“ (фото)

Барселона и Реал ќе бидат во ист хотел и заедно ќе патуваат до „Камп Ноу“ (фото)

Клупските автобуси на Барселона и Реал Мадрид заедно ќе пристигнат во исто време на Камп Ноу пред Ел Класико поради засилени безбедносни мерки во каталонската престолнина.

Фудбалерите на Барселона и на Реал вечерва ќе бидат сместени во ист хотел каде ќе ја поминат последната ноќ пред големиот натпревар.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Одлуката да се сместат двата големи ривали во хотелот „Принцес“ во Барселона беше донесена поради основаното стравување дека можно демонстрантите да го попречат „Ел Класико“.

Каталонските медиуми пренесуваат дека двете екипи исто така заедно ќе патуваат и до стадионот што е оддалеченост од само 600 метри од хотелот, во необележани автобуси, со полициска придружба.

Челниците на Барселона се подготвени да обезбедат дури 3.000 чувари на редот за да може дербито против Реал Мадрид што ќе се игра утре да помине без поголеми инциденти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потврдено: Чави останува тренер на Барселона!

Во Барселона претседателот Лапорта и останатите успеале да го убедат тренерот Чави да оста…