Поранешниот легендарен фудбалер на Барселона, Роналд Куман призна дека постои можност да седне на кормилото на каталонскиот клуб.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во моментов Куман е селектор на холандската репрезентација, но во договорот има клаузула според која може да замине за да се пресели во Барселона.
„Не постои никаква можност сега да си заминам од холандската репрезентација, тоа е 100% сигурно. Постои можност да одам во Барса, но дури после ЕП 2020. Таа клаузула фажи само после завршувањето на ЕП и само за Барселона“, откри Куман.
Каталонските медиуми пренесуваат дека раководството на Барселона веќе донело одлука да се раздели со Валверде на крајот на сезоната, а Куман е прва опција за негов наследник.