Енис Барди поради повреда не е во можност да биде дел од македонската фудбалска репрезентација за претстојните натпреварите од квалификациите за ЕУРО 2020.
Македонскиот селектор Игор Ангеловски поради тоа реши да повика двајца нови фудбалери, а тоа се Марио Младеновски од Вардар и Ѓорѓи Стоилов од Академија Пандев, кои треба да присуствуваат на првиот собир закажан за 12 часот во понеделник.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Првиот тренинг македонските репрезентативеци ќе го имаат утре во 19 часот на Националната арена во Скопје, а во четврток се игра првиот меч против Словенија во седмото коло, додека три дена подоцна Македонија ќе гостува кај Полска.