Дома Фудбал Италија Емре Чан лут на Јувентус: Екстремно сум шокиран!

Емре Чан лут на Јувентус: Екстремно сум шокиран!

Германскиот репрезентативец и член на Јувентус, Емре Чан јавно го изрази своето незадоволство од фактот што нема да биде пријавен за настап во Лигата на шампиони.

Тренерот на „старата дама“, Маурицио Сари синоќа го објави списокот на фудбалери за настап во Лигата на шампиони, а во него ги нема Емре Чан и Марио Манџукиќ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германецот изјави дека е шокиран и револтиран од таквата одлука, но и од однесувањето на Јувентус кон него.

„Не можам да верувам. Разговаравме, а не добив никакво објаснување. Нервозен сум поради одлуката. Мора да разговараме повторно кога ќе се вратам. Екстремно сум шокиран“, изјави Чан.

„Минатата недела ми беше ветено нешто друго. ПСЖ дојде по мене, но јас одлучив да останам во Јуве. Условот беше дека ќе бидам во тимот за Лигата на шампионите. Да знаев дека ќе биде вака ќе си заминев од клубот“, додаде германскиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Јунајтед одлучи да го отпушти Тен Хаг

Манчстер Јунајтед на крајот на сезоната ќе го откупшти тренер Ерик Тен Хаг, тврдат медиуми…