Дома Фудбал Останато Антиќ: Модриќ најдобар во светот? Тоа е бесмислено!

Антиќ: Модриќ најдобар во светот? Тоа е бесмислено!

Легендарниот српски тренер Радомир Антиќ не се согласува со изборот на ФИФА И УЕФА дека Лука Модриќ е најдобар фудбалер во светот.

Модриќ ги освои сите индивидуални трофеи и беше прогласен за најдобар фудбалер на светот, но Радомир Антиќ смета дека таквиот избор „нема никаква смисла“.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Модриќ оваа сезона не игра на своето препознатливо ниво и се смета за еден од најодговорните за слабата сезона на Реал Мадрид.

„Модриќ најдобар играч во светот? Па, како е тоа можно кога тој ни асистира, а ни постигнува голови. Не сакам ниту да зборувам за неговата „Златна топка“, тоа немаше никаква смисла, таа награда беше бесмислена“.

„Ниту дава голови, ниту има асистенции. За да имате авторитет како тим, потребни ви се играчи како Де Брујн. Белгиецот маестрално асистира, а и постигнува голови, тој е далеку подобар и поклучен играч за тимот“, без влакна на јазикот изјави Радомир Антиќ.

70-годишниот Радомир Антиќ најголемите успеси во кариерата како тренер ги постигна во Атлтеико Мадрид, а претходно во сезоната 1991/92 го водеше и Реал Мадрид.

Во 2003 година само шест месеци седеше на кормилото на Барселона како спасоносно решение за Каталонците после отказот на Ван Гал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Чаби Алонсо добил целосно одврзани раце да ја остави на клупата секоја од ѕвездите на Реал Мадрид.

Раководството на Реал Мадрид му изрази целосна доверба на тренерот на тимот Чаби Алонсо и …