На социјалните мрежи веќе се појавија фотографии кои го откриваат изгледот на новиот дрес на Манчестер Јунајтед.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Новиот дрес на „црвените ѓаволи“ ќе биде инспириран од големиот успех и освојувањето на Лигата на шампиони во 1999 година.
Станува збор за историска година, кога Манчестер Јунајтед ја освои тројната круна, па тоа беше инспирација за новите дресови.
„Шевролет“ и понатаму ќе биде главен спонзор на дресот. „Адидас“ направи едноставен и ефектен дизајн, но навивачите не се премногу воодушевени.
Дресот ќе биде црвен, со црни детали, кои треба да потсетуваат токму на шампионската година.
Leaked: Manchester United’s 2019/20 home kit.? #mufc [@Footy_Headlines] pic.twitter.com/zqqXTkLhxV
— United Xtra (@utdxtra) March 29, 2019