Третиот голман на Реал Мадрид, Кико Касиља кариерата ќе ја продолжи на Островот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Шпанскиот интернационалец ќе биде соиграч со нашиот Алиоски. Касиља денес стави потпис со Лидс Јунајтед до 2023 година.
Касиља ја започна својата кариера во Реал Мадрид, а потоа се пресели во Еспањол во 2007 година. Во сезоната 2014/2015, тој се вратил во Реал Мадрид и имаше улога на втор голман.
Оваа сезона со пристигнувањето на Куртоа, јасно беше дека за него нема повеќе место во тимот, па се реши кариерата да ја продолжи во Лидс.