Дома Фудбал 10. септември влезе во историјата на косовскиот фудбал

10. септември влезе во историјата на косовскиот фудбал

Вчерашниот ден ќе биде запишан со златни букви во историјата на косовскиот фудбал, но и спортот воопшто.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Фудбалската репрезентација на оваа земја ја запиша првата победа на официјален натпревар во својата кратка кариера и тоа против Фарски Острови со резултат 2:0.

Во рамките на група Д во Лига на нации, победата на Косово ја донесоа Арбер Зенели во 50. и Нухиу во 55. минута.

Освен по првата победа, Косово ќе го памети овој натпревар и по тоа што ова беше првиот официјален натпревар на оваа селекција одигран во својата земја, бидејќи до сега домашните натпревари ги играше во Албанија.

Натпреварот беше одигран на стадионот Фадил Вокри во Приштина, кој после реконструкцијата доби зелено светло од УЕФА за одигрување меѓународни натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дефинитивно: Капитенот на Реал Мадрид заминува!

Дани Карвахал ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на оваа сезона. Зошто проблемот со уличн…