Дома Фудбал Италија Џузепе Роси позитивен на допинг тест!

Џузепе Роси позитивен на допинг тест!

Екс напаѓачот на Џенова се соочува со големи проблеми откако се покажа дека е позитивен на антидопинг тест.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите од Италија, Роси бил позитивен на антидопинг контролата направена на 12 мај по мечот помеѓу Беневенто и Џенова.

Роси бил позитивен на дорзоламид, органско соединение кое најчесто се наоѓа во капк за очи и лечење глаукома.

Самиот фудбалер ги негираше овие обвиненија, и истакна дека не користел никакви капки, но сега се соочува со едногодишна суспензија.

31-годишниот фудбалер важеше за голем талент, но бројните повреди го спречија неговиот развој, а моментално е без ангажман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал потврди за Фран Гарсија

Откако претходно во текот на денот неколку извори објавија дека Фран Гарсија ќе премине во…