Џон Тери за „Газета дело Спорт“ зборуваше пред натпреварот помеѓу Челзи и Јувентус во Лигата на шампионите.
Поранешниот дефанзивец на лондонските „сини“ верува дека тимот на Томас Тухел ќе дојде до победа на домашен терен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Челзи е во добра форма од кога изгуби од Тотенхем не знае за пораз. Мислам дека и покрај тоа што ќе им фали некој играч ќе биде посупериорни во однос на Јувентус“, изјави Тери.
Во разговорот Тери откри и дека италијанските дефанзивци влијаеле на неговат акариера.
„Го проучував начинот на игра на Франко Барези и Паоло Малдини. Малдини беше мој идол и се правеше на теренот да изгледа толку лесно. Никој го нема тој стил. Џорџо Киелини и Леонардо Бонучи се најдобрите играчи на својата генерација. Се уште играат, а веќе се апсолутни легенди“, изјави Тери.
Челзи и Јувентус вечерва ќе играат во дуел кој ќе решава за првото место во групата.