Одличниот напаѓач на Лестер, Џејми Варди е цел на Евертон.
Евертон купуваше многу играчи минатото лето и во јануари, но и понатаму имаат проблеми во нападот, па клубот е решен на крајот на сезоната да го доведе Варди.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Варди наводно е првата желба на Евертон за на лето, а и самиот англиски напаѓач веројатно е подготвен за нови предизвци, бидејќи магијата на Лестер одамна престана и овој клуб тешко дека некогаш ќе биде конкурентен и во борбата за Европа, а камоли за титулата.
Играчот кој заработува 100,000 фунти неделно на „Кинг Пауер“ ќе добие уште подобра понуда од „Гудисон Парк“, каде што директор е Стив Волш, човек кој го познава, бидејќи се соработуваа во Лестер. Со трансферот во Евертон, Варди во нападот ќе им помогне на Тосун и Руни, а се очекува неделната плата да изнесува 150,000 фунти.