Дома Трансфер зона Џерард формира страшен тим: После Кутињо тргнува и по Суарез!

Џерард формира страшен тим: После Кутињо тргнува и по Суарез!

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез се наоѓа на излезни врати од Атлетико Мадрид.

Суарез пред почетокот на минатата година дојде во Атлетико од Барселона и тој трансфер се покажа како полн погодок за клубот од Мадрид. Суарез беше еден од најзаслужните што „јорганџиите“ успеаа да стигнат до титулата.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сепак, искусниот напаѓач оваа сезона не игра баш во најдобра форма и се повеќе време поминува на клупата за резерви. Колку сака да игра најдобро се покажа пред неколку недели кога луто му дофрлуваше на Симеоне откако беше заменет. Стратегот на Атлетико очигледно има други планови, па Суарез веројатно ќе побара нова средина.

Шпанскиот новинар Жерард Ромеро објави дека Суарез би можел да се врати во Англија и тоа во Астон Вила, тим кој од клупата го води неговиот поранешен соиграч Стивен Џерард. Астон Вила неодамна го доведе Фелипе Кутињо, а доколку успеа да го доведе и Суарез тоа ќе биде навистина фантастично за овој клуб.

Наводно, Уругваецот е расположен да се врати во Премиер лигата и се надева дека Атлетико нема да му прави проблеми околу трансферот. Ромеро објави и дека Џерард телефонски го контактирал Суарез и му порачал дека го посакува во својата екипа.

Во досегашниот дел од сезоната Суарез одигра 27 натпревари во сите натпреварувања за Атлетико Мадрид постигна девет голови и запиша две асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…