Екипата на Астон Вила со доведувањето на Стивен Џерард доведе и неколку квалитетни засилување меѓу кои беше и бразилскиот ас Фелипе Кутињо.
Клубот од Бирмингем во јануари го позајми поранешниот фудбалер на Ливерпул на шест месеци од Барселона и во неговиот договор има откупна клазула од 33 милиони фунти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според изјавата на Џерард, Астон Вила сака да го задржи Кутињо.
„Управниот одбор на клубот го следи секој натпревар и наскоро треба да донесе конечна одлука, Фил веќе покажа колку е способен. Се врати во добра физичка кондиција и против Саутемптон мислам дека можевме да го видиме стариот Кутињо“, изјави Џерард.
Сезонава Кутињо веќе постигна три гола во Премиер лигата.