Стивен Џерард со голем успех го водеше Глазагов Ренџерс со кој стигна и до титулата шампион на Шкотска, аи граше и во Лигата на Европа.
Сега пред Џерард е веројатно поголем предизвик, ќе ја води Астон Вила во една од најсилните лиги во светот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Сакам да предизвици во кариерата. Клубот му одговара затоа што знам какви страствени навивачо има, притисокот за победа постојано е присутен, така живеам уште од мојата 17-та година“.
За него преселбата во Астон Вила се случила многу брзо. Првпат новиот клуб ќе го води против Брајтон, а на 11. декември го чека натпревар против „неговиот“ Ливерпул и тоа на „Енфилд“.
„Јас сум професионалец и мојот приоритет сега е Астон Вила. Посветен сум на тимот и вложувам колку што можам. Нормално дека сакам победа со Ливерпул на „Енфилд““, изјави Џерард.