Стивен Џерард неодамна седна на клупата на Астон Вила, а сега ја имаше и првата прес-конференција.
Џерард е легенда на Ливерпул, па така на прес-конференција првото прашање беше дали некогаш сака да го води клубот од „Енфилд“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Мислам дека ова не е прес-конференција на која треба да зборувам за Ливерпул или било кои други клубови. Тренер сум на Астон Вила и треба да покажеме почит кон нашите навивачи“.
„Сите многу добро знаат што за мене значи Ливерпул, меѓутоа сега мојот фокус е тука каде што сум. Како што кажав и претходно посветен сум на овој тим и така ќе биде секогаш додека сум тука, тоа им го ветувам на фановите. Ќе дадам се од себе да креирам успешна приказна“, изјави Џерард.
В сабота против Брајтон Џерард ќе го има дебито на клупата на Астон Вила.