Вниманието на Островот во недела ќе биде насочено кон Стивен Џерард кој има шанса со својата Астон Вила да му помогне на Ливерпул да ја освои титулата.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Манчестер Сити е лидер на табелата со еден бод повеќе од Ливерпул. Во случај Вила да остане непоразена, а Ливерпул слави во својот натпревар против Вулвс тогаш „црвените“ ќе бидат промовирани во шампиони на Англија.




Притисокот се става на Џерард кој сепак пред овој натпревар порача дека за него во овој момент е најважна Астон Вила.




„За мене е разочарувачки затоа што со таквите најави се доведува во прашање интегритетот на Астон Вила и моите играчи. Ние ќе излеземе на терен и ќе дадеме се од себе за да ги израдуваме фановите на Астон Вила, а ако тоа му помогне и на Ливерпул ќе биде супер. Сепак, за мене најважна во овој момент е Астон Вила“, изјави Џерард.




Сите натпревари во Премиер лигата утре се играат од 17:00 часот.