Дома Фудбал Англија „Џерард е нула, тој е никој и ништо!“

„Џерард е нула, тој е никој и ништо!“

Дури ни на денот кога Стивен Џерард објави крај на кариерата, неговиот вечен непријател Ел Хаџи Дјуф не пропушти шанса да ја каже својата верзија за луктниот капитен на Ливерпул.

Двајцата ја делеја соблекувалната на Ливерпул, Сенегалецот никогаш не го сакал Стиви, а ни овој него, па еве што изјави Дјуф по повод неговото пензионирање.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џерард ме критикуваше во својата книга бидејќи му се спротиставив. Кога стигнав во клубот, покажа дека е нула од човек. Го прашав: ’Па на кое големо натпреварување си играл ти, по што те памтат луѓето? Ти не си Зидан, ти си никој и ништо“.

„Како играч го почитувам, одличен е. Но како човек не. Требаше само да игра како што знае, а не да оди кај тренерот и да шпионира за тоа што се случува во соблекувалната. Тој знае дека јас не бирам зборови. Не можеше да ме гледа во очи бидејќи се плашеше да разговара со мене. И кога дојдов во Ливерпул, тој од мене бараше дрес, а не јас од него“, изјави Дјуф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…