Интер вчера го победи Милан со 2:0, а првиот гол за „нероаѕурите“ го постигна Един Џеко, со тој гол босанскиот напаѓач испиша историја во Лигата на шампионите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Капитенот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина постигна гол на 37 години и 54 дена и стана вториот најстар играч кој постигнал гол во полуфинале на ЛШ, рекордер и понатаму е Велшанецот Рајан Гигс кој помеѓу стрелците се запиша на 37 години и 148 дена. Играчот за врска на Манчестер Јунајтед тоа го направиво 2011 година во победата против Шалке од 2:0.
На третото место е Филип Коку со 34 години и 187 дена, а потоа следи Чаби Алонсо со 34 години и 160 дена.
Џеко се изедначи со Хрватот Лука Модриќ кој е на петото место кога во прашање се најстарите стрелци вкупно во Лигата на шампионите. Постари од него кои постигнуваа голови се Франческо Тоти (38 години и 59 дена), Рајан Гигис (37 години и 289 дена) Филипо Инзаги 37 години и 86 дена и Хавиер Занети 37 години и 71 ден.