Дома Фудбал Џеко: Рома не можеше да добие подобар тренер од Мурињо

Џеко: Рома не можеше да добие подобар тренер од Мурињо

Напаѓачот на Рома, Един Џеко откри дека е среќен поради доаѓањето на Жозе Мурињо на кормилото на „волчицата“.

Џеко не беше во добри односи со тренерот Фонсека и се шпекулираше со негово заминување, но сега може да се променат работите со доаѓањето на Мурињо.

„Сите знаеме дека ова не беше една од најдобрите сезони. Но, дербито е секогаш дерби, изгубивме во првиот дел од сезоната, па сакавме да дадеме сè за добро да ја завршиме годината. Мурињо е најдоброто нешто што можеше да и се случи на Рома, тој веќе донесе ентузијазам, Рома е тешка средина и подобар тренер не можеше да дојде“, изјави Џеко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез со проектил ја крена Венеција од дното, Занети тргна со пораз во Удинезе

Венеција славеше со 2-1 во дуелот за бегство од последното место, а Кике Перез го реши меч…