Италијанските медиуми во претходните денови на големо пишуваа за можниот трансфер на Един Џеко во Јувентус.
Андреа Пирло нема многу време да изгради тим за новата сезона, а една од позициите која е проблем во Јувентус е напаѓач. Пирло сака искусен играч и наводно го избрал Џеко.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Низ медиумите на големо се пишуваше за преговори помеѓу Рома и Џеко и дека постои голема шанса да го гледаме босанскиот напаѓач во дресот на „старата дама“.
Сепак, „Кориере дело спорт“ утрово пишува дека мали се шансите Џеко да се реши да замине. Исто така се наведува дека сопругата на Џеко Амра која треба да се породи одбила сега да прави промени.
Един и Амра наскоро треба да станат родители по трет пат и не е тајна дека неговата сопруга го сака Рим. „Кориере дело Спорт“ додава дека минатото лето токму Амра била причината што фудбалерот ја одбил понудата од Интер.