Раководството на Интер веќе подолго време преговара со Един Џеко за продолжување на соработката.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Договорот на ветеранот истекува на крајот на сезоната, но двете страни не можат да најдат заеднички јазик за продолжување на соработката.
Поради тоа Интер веќе почна да бара негова замена, а „Газета дело Спорт“ открива дека прво име на списокот е Џанлука Скамака.
Скамака минатото лето се пресели во Вест Хем, но не се снајде баш најдобро во Премиер лигата. Тој се вклопи во сивилото на Вест Хем, кој игра слаба сезона и се бори за опстанок.
Ситуацијата будно ја следи Интер, кој ќе се обиде на лето да го врати Италијанецот во Серија А.