Дома Трансфер зона Џеко може да го напушти Интер, се најавува и следната дестинација

Џеко може да го напушти Интер, се најавува и следната дестинација

Како што сега стојат работите босанскиот напаѓач Един Џеко ќе ја промени средината на крајот од сезоната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


36-годишниот напаѓач не е стартер во тимот на Симоне Инзаги, на теренот во последно време добива повеќе шанса, но тоа е поради пворедата на Ромелу Лукаку. Џеко беше стрелец и на еден од головите во поразот од Милан со 3:2.

Договорот на Џеко со Интер истекува на крајот на сезоната, а медиумите во Италија пренесуваат дека во овој момент нема најави дека ќе дојде до продолжување на соработката.

Не е исклучена можноста разговорите да започнат после Светското првенство. Но, во Интер сакат да го намалат буџетот за плати, додека Џеко пред себе имал далеку подобри финансиски понуди од САД и Саудиска Арабија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…