Eдин Џеко одлично ја започна новата сезона во Серија А.
Заедно со Чиро Имобиле Џеко е прв стрелец во италијанското првенство со шест голови и пофалби му пристигнуваат од сите страни. Порашениот фудбалер на Интер Даниеле Адани е импресиониран од она што го прави Џеко на теренот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Џеко влезе во игра против Сасуоло и веднаш се забележа дека направи разлика на теренот. Човекот има 35 години, седум години е постар од Лукаку, но не може да игра 60 натпревари по 90 минути. Сепак, кога е на теренот прави разлика. Тој е топ класа и има се што е потребно за еден напаѓач и не сум изненаден што така игра на почетокот од сезоната“.
Адани дресот на Интер го носеше од 2002 до 2004 година, а во кариерата играше уште за Модена, Бреша, Фиорентина, Асколи и Емполи каде што ја заврши кариерата во 2008 година.