Дома Трансфер зона Џабе Солскјер го фалеше играчот на Јунајтед потпишал преддоговор со ПСЖ!

Џабе Солскјер го фалеше играчот на Јунајтед потпишал преддоговор со ПСЖ!

Британскиот новинар Дундан Кастлес тврди дека Андер Ерера се согласил на трансфер во Пари Сен Жермен.

Ерера и претходно се поврзуваше со ПСЖ и изгледа дека шпанскиот играч навистина од лето ќе го носи дресот на францускиот шампион.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Споменатиот новинар тврди дека Ерера постигнал договор и потопишал преддоговор со ПСЖ откако одлучил да ја одбие понудата од Манчестер Јунајтед за продолжување на соработката.

Ерера за сума од 36 милиони евра од Атлетик во 2014 година пристигна на „Олд Трафорд“ и за „црвените ѓаволи“ во изминатите пет сезони запиша 187 настапи.

Оле Гунар Солскјер имаше желба Ерера да остане во Манчестер Јунајтед, но изгледа дека фудбалерот донел поинаква одлука.

„Неговата енергија и упорност се од важно значење за Манчестер Јунајтед. Има многу енергија, може да ја покрие цела десна стрна, навистина многу трча“, изјави Солскјер.

ПСЖ на лето останува без Адриен Рабио за кого повеќе нема место во Париз, овој фудбалер веќе подолго време не е дел од францускиот клуб и се чека само да заврши неговиот договор за тој да го напушти клубот.

После ова многу веројатно е дека Ерера ќе биде неговата замена иако во Париз се очекуваат и уште засилувања во летниот преоден рок. Ќе потсетиме ПСЖ се поврзуваше и со Френки Де Јонг кој на крајот сепак ја избра Барселона.

https://www.youtube.com/watch?v=sYZRdIrk5oo

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…