Дома Фудбал Англија Џабе милионите: Челзи изгуби од последниот тим на табелата! 🎥

Џабе милионите: Челзи изгуби од последниот тим на табелата! 🎥

Продолжуваат лошите резултати на Челзи во Премиер лигата, па така денес победа над „сините“ славеше последниот тим на табелата, Саутемптон.

Газдата на Челзи, Тод Боели во јануарскиот преоден рок потроши над 300 милиони евра, но и со такви средства и доведувањето на играчи како: Феликс, Мудрик, Енцо…Тимот реди лоши резултати.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Саутемптон покрај Нотингем кој остана непоразен против Сити, денес го приреди најголемото изненадување. Единствениот гол на натпреварот го постигна Ворд Прауз во судиското продолжение од првото полувреме.

Челзи имаше свои шанси, но изостана реализацијата, па сега столчето на Грем Потер уште посериозно се „тресе“.

Инаку, уште пред денешниот натпревар, Потер беше најлошиот менаџер на Челзи во последните 30 години, па сега само дополнително ќе го „подобри“ овој негативен рекорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Борусија продолжува да лансира млади фудбалери: Потпиша договор со тинејџер кој ги помина скоро сите младински категории

Eкипата на Борусија Дортмунд продолжува како и во минатото продолжува да им дава шанса на …