Дома Фудбал Останато Ќе се најде ли клуб за фудбалерот кој некогаш беше голема надеж?

Ќе се најде ли клуб за фудбалерот кој некогаш беше голема надеж?

Голем број фудбалери само поради повредите не направија кариери какви што се очекуваше од нив, таков е и случајот на Италијанецот, Џузепе Роси.

Џузепе Роси последниот ангажман го имаше во Џенова клуб со кој ја заврши соработката минатото лето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Џенова Роси стигна после пауза од скоро половина година. Освен проблемите со повредите се најде во проблем и со италијанските фудбалски власти. Имено, беше позитевен на недозволена супстанца, но после сослушувањето доби само опомена место едногодишна суспензија.

Меѓутоа и покрај тоа Роси не успева да пронајде клуб. Едно време тренираше со Манчестер Јунајтед за ја одржи формата, се споменуваше Тотенхем, како и МЛС…На крајот ништо Роси остана да тренира сам и да чека повик.

Изгледа никој не е спремен да ризикува и да му понуди договор на играч кој во изминатите осум години имаше пет повреди на лигаментите на коленото.

„Се чуствувам добро веќе подолго време. Тренирам секој ден, не е лесно да се работи сам. Чекам повик, се уште имам толку многу да пружам…Сакам да играм фудбал, добар сум во тоа. Се уште сакам да ми се даде шанса“, изјави Џузепе Роси за „Газета дело Спорт“.

Своевремено овој фудбалер како голем талент од младинскиот погон на Парма премина во Манчестер Јунајтед. Сепак, не се задржа долго на „Олд Трафорд“, а во кариерата настапуваше уште за Њукасл, Виљареал, Фиорентина, Леванте, Селта и Џенова. За репрезентацијата на Италија постигна седум голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Меси се сврте кон камерата и испрати важна порака🎥

Интер Мајами победи со 3:2 на гостувањето кај Монтреал во меч од МЛС шампионатот и на тој …