Челзи и Манчестер Сити веќе неколу години се на самиот врв на англиската Премиер лига, но ситуацијата не беше таква пред петаесетина години.
Челзи и така и така, но Сити не беше ништо освен збир на медиокритети.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сепак, се се промени кога пристигнаа руските, односно арапските пари. Роман Абрамович ги презеде „сините“ во 2003 година, а вака изгледаше тогашниот состав на Челзи.
Русинот во претходните 15 години потроши две милијарди евра на нови засилувања, а Челзи во тој период, од поголемите трофеи, освои 5 титули шампион на Англија, четири ФА Купа, една титула во ЛШ и една во Лига Европа.
Што се однесува до Сити, нивната трансформација започна пет години подоцна. Абу Мансур го купи клубот во 2008 година, а правата екипа изгледаше вака.
Од тогаш Сити освои две титули шампион на Англија, еден ФА Куп и еден Лига Куп.