Дома Останати Ќе направи ли коронавирусот проблем на Европското првенство?

Ќе направи ли коронавирусот проблем на Европското првенство?

Во овие моменти коронавирусот прави големи проблеми ширум Европа, пет натпревари од Серија А ќе бидат играни без публика, иста одлука беше донесена и за натпреварот помеѓу Интер и Лудогорец. Поради ваквата ситуација во јавноста започна да се поставува и прашањето – што ќе биде со Европското првенство во фудбал кое треба да се игра ова лето?

Бројот на заразени лица во Италија се искачи на скоро 300, а седум лица на „Чизмата“ веќе починаа како последица на заразата со овој опасен вирус. Најмногу се погодени сверните региони на Италија, Ломбардија и Венето.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италија е една од земјите кои ќе бидат домаќини на континенталниот европски собир.

Во Рим каде што на 12. Јуни ќе биде отворен турнирот засега нема забележани случаи, но челните луѓе на европската куќа на фудбалот се внимателни и ја следат ситуација.

„Во фаза сме на чекање. Ја следиме ситуација во секоја држава и мораме да ги следиме наредбите на владите во тие земји. Промени ќе има само ако ситуацијата се влоши“, изјави членот на извршниот одбор на Мишел Ува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…