На 8. август би можеле да гледаме дуел помеѓу Меси и Роналдо од пријателски карактер затоа што тогаш за „Трофејот Жоан Гампер“ кој се игра традиционално во предсезоната ќе се сретнат Барселона и Јувентус.
Меѓутоа во овој момент постои проблем. Меси се уште нема договор со Барселона, сите информации говорат дека ќе потпише нов договор, меѓутоа засега официјално не се случило.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Фудбалската јавност се надева дека се ќе биде решено во наредните две недели за да може да видиме нова пресметка помеѓу за многумина најдобрите во историјата. Со оглед на годините тој дуел би бил еден од последните помеѓу Португалецот и Аргентинецот, а нивни прв од декември 2020.
За овој натпревар предвидено е „Ноу Камп“ да биде исполнет со 20% од капацитетот односно нешто повеќе од 20.000 гледачи.