Дома Фудбал Италија Ќе беше полесно да го доведеме Дибала: Малдини објасни зошто Милан се одлучил за Де Кетеларе

Ќе беше полесно да го доведеме Дибала: Малдини објасни зошто Милан се одлучил за Де Кетеларе

По вчерашниот пораз од Интер, директорот на Милан, Паоло Малдини откри дека клубот можел да го доведе Паоло Дибала, но се одлучил за Шарл Де Кетеларе.

Милан го доведе Де Кетеларе за 35 милиони евра, меѓутоа белгискиот фудбалер не покажа многу во првата сезона на „Сан Сиро“. Малдини смета не погрешиле кога одлучиле да го доведат него место Дибала.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„За нас ќе беше полесно и поевтино ако го купевме Дибала пред стартот на сезоната. Но, ќе беше ли тој вистинск ииграч за нашиот проект? Дали ќе беше соодветен на политиката која ја имаме со сопствениците? Не. Ние сакаме да градиме млад и талентиран тим. Ризично е кога купуваш млади играчи, Тонали се мачеше во првата сезона, сега исто и со Де Кетеларе, но тоа е нашата идеја за инвестиција“, објасни Малдини.

Дибала на крајот на минатата сезона не го продолжи договорот со Јувентус и се пресели во редовите на Рома каде што игра одлично, меѓутоа има и проблеми со повредите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пред две години играше во втора лига, а вчера беше херој на својот тим во полуфинале од ЛШ

Борусија Дортмунд вчера го победи Пари Сен Жермен во првиот натпревар од двомечот во полуф…