Њукасл во актуелниот преоден рок ќе се обиде да доведе дури тројца фудбалери на Челзи, открива британски „Телеграф“.
Третопласираниот тим во англиската Премиерл ига планира да се засили со Конор Галагер, Рубен Лофтус Чик и Хаким Зијеш. Сите тројца во овој преоден рок. Се очекува Њукасл да понуди околу 100 милиони евра колку што пред некој ден Челзи палти за Михаило Мудрик од Шахтјор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Галагер минатата сезона беше одличен на позајмицата во Кристал Палас, но оваа сезона собра само 648 минути во Премиер лигата. Вредноста на 22-годишниот играч за врска е проценета на 32 милиони евра.
Лофтус-Чик има проблеми со повредите, а Зијеш бара клуб во кој ќе има поголема улога.
Ќе потсетиме, Њукасл пред една година стана клуб со најбогат сопственик во светот откако го купи Саудискио јавен инвестиционен фонд тежок 320 милијарди фунти.
Њукасл е трет на табелата во Премиер лигата со пет бодови повеќе од петопласираниот Тотенхем, игра одлично оваа сезона и има голема шанса да се пласира во Лигата на шампионите.