Шпанските медиуми пренесуваат дека Јаник Караско би можел да го напушти Атлетико Мадрид во зимскиот преоден рок.
Караско оваа сезона добива шанса кај Симеоне, но и самиот е спремен за нова авантура после Мундијалот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Белгиецот на лето влегува во последната година од договорот, па „јорганџиите“ се спремни да го продадат уште во јануари.
Најсилен интерес за Караско покажува Њукасл, кој сакаше да го доведе уште во летниот преоден рок.
Сега „чавките“ спремаат нова понуда, која Атлетико најверојатно ќе ја прифати бидејќи има финансиски проблеми, а беше елиминиран од Лигата на шампиони.
Њукасл веќе почнал преговори со агентот Пини Захави, а Атлетико за слободата на Караско бара 40 милиони евра.