Досегашниот фудбалер на Шефилд Јунајтед, Вилијам Осуло е нов играч на Њукасл.
Њукасл не ги откри деталите од договорот, а „Би-Би-Си“ објави дека трансферот на 21-годишниот дански напаѓач изнесувал 15 милиони фунти.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Осуло во минатата сезона одигра 31 натпревар и постигна три гола за Шефилд кој испадна во Чемпионшип.
„Ова е голем клуб и среќен сум поради приликата да дојдам во Њукасл. За мене ова е голема шанса. Кога слушнав дека Њукасл е заинтересиран знаев дека морам да ја искористам шансата“, изјави Осуло.
Тренерот на Њукасл, Еди Хау изјави дека клубот го следел Осуло три години и дека го препорачал помошник тренерот Џејсон Тиндал кој во 2021 година беше дел од стручниот штаб на Шефилд.