Њукасл откако го назначи новиот тренер веќе започна да работи на засилување во тимот.
Англиските медиуми пишуваат дека Њукасл ќе може да потроши меѓу 200 и 250 милиони евра во зимскиот преоден рок, а веќе направиле список од неколку засилувања.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Прва трансферна цел во зимскиот преоден рок ќе биде дефанзивецот на Баерн Минхен, Николас Зуле.
Договорот на Зуле истекува на крајот на сезоната, а Баерн е спремен да го продаде во јануари.
„Билд“ пренесува дека Њукасл веќе започнал преговори со агентот на Германецот и доставил понуда која тешко се одбива.