Англиските медиуми пишуваат дека напаѓачот Одио Игало кој во овој момент игра на позајмица во Манчестер Јунајтед добил понуда од клубот кој го поседува неговиот договор.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Според информациите од Островот Шангај Шенуоха му понудил договор вреден 400.000 фунти неделно и нема дилеми дека Нигериецот може да размислува за оваа понуда.
Игало во јануари дојде во Манчестер Јунајтед како засилување до крајот на сезоната. Одигра неколку одлични натпревари и се шпекулира дека Јунајтед ќе направи се што може да во целост да го откупи неговиот договор.
Сепак, кинескиот клуб очигледно не сака да го изгуби и на 30 годишниот напаѓач му понудил услови кои сосема сигурно нема да ги добие во Јунајтед.
Игало претходно зборуваше дека негов сон од детството е да заигра за славниот клуб од „Олд Трафорд“, па сега неговата љубов ќе биде на вистински тест.