Дома Фудбал Јунајтед има „крт“ во соблекувалната, познат составот за дербито против Сити

Јунајтед има „крт“ во соблекувалната, познат составот за дербито против Сити

Дербито во Манчестер е на програмата денес во 17:30 часот, но уште во раните утрински часови англиските медиуми го објавија составот со кој би требало Рубен Аморим да го започне дуелот на Етихадот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сè уште не знаеме кој ќе игра денес, односно составите обично доаѓаат час и пол пред почетокот на натпреварот, но составот на Јунајтед веќе почна да кружи на интернет. Навивачите на Јунајтед, се разбира, се лути поради тоа и сметаат дека не би требало да се знае за составот сè до самиот натпревар, но очигледно дека некој од вработените во клубот е многу добар извор за англиските новинари.

„Ова веќе не е смешно“, напиша еден навивач на Јунајтед додека во очај го гледаше составот објавен 17 часа порано. Иако е неофицијален, останува да се види дали ќе има некакви промени во меѓувреме.

Говорејќи пред натпреварот, Аморим потврди дека ќе има комплетен тим на располагање со исклучок на Лук Шо, кој е сè уште отсутен поради повреда.

Според она што излезе уште синоќа на интернет, Јунајтед ќе го започне дуелот со следниот состав:

Онана, Мегваер, Де Лихт, Мартинез, Мазрауи, Угарте, Фернандеш, Дало, Маунт, Амад и Хојлунд, кој неодамна постигна два гола во победата против Плзен (2:1) во Лигата на Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола ја сака ѕвездата на Барселона, се знае кој играч го понудил во замена и тоа не случајно!

Летниот трансфер период сигурно ќе биде исклучително возбудлив, а веќе започнаа надметувањ…