Дома Кошарка Јокиќ доби жестоки критики – ќе го прогонува последниот напад на Портланд (Видео)

Јокиќ доби жестоки критики – ќе го прогонува последниот напад на Портланд (Видео)

Кошаркарите на Денвер Нагетс утринава доживеаја неуспех на гостувањето кај Портланд откако во завршните моменти на мечот примија одлучувачки кош по пробивот на Анферни Сајмонс, а начинот на кој тимот од Колорадо капитулираше предизвика бурни реакции во американската јавност.

Цел на критики беше и најдобриот српски кошаркар Никола Јокиќ, кој во тој момент не тргна со одбрана на извонредниот бек на ривалот, туку остана во рекетот и го гледаше противникот како го минува Расел Вестбрук.

„Што правеше?“; “Не ни се обиде“; „Најлош?“; „Одби да помогне“, беа само дел од коментарите на лутите навивачи.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Реал ја решета Црвена звезда: 17 тројки и убедливи 105-84 во Мадрид!

Реал Мадрид постигна 38 поени уште во првата четвртина и ја совлада Црвена звезда со 105-8…