Алексис Санчез, после “пеколот“ во Манчестер Јунајтед, летоска пристигна на позајмица во Интер.
Чилеанецот веќе со првите настапи за Нероаѕурите почна да го уверува Антонио Конте дека Интер треба да го откупи неговиот договор по истекот на позајмицата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, цената за Санчез треба дополнително да се договори, а сега од Италија пристигнуваат вести дека Јунајтед може да побара “коректна“ сума.
Без разлика на лошиот старт и недостатокот на опции во нападот, Јунајтед нема намера да го враќа Санчез во своите редови следното лето, а за неговиот потпис наводно ќе бара 25 милиони евра.
Тоа е сумата која Интер мора да ја плати доколку сака да го откупи договорот на Санчез или било кој друг клуб кој сака да го донесе Чилеанецот во своите редови.
Да потсетиме, договорот на Санчез со Манчестер Јунајтед важи до летото 2022. година.