Португалскиот бек Диого Далот минатото лето пристигна во Милан на позајмица од Манчестер Јунајтед.
„Росонерите“ во договорот немаат опција за откуп на крајот на сезоната, но се надеваат дека ќе постигнат договор со „црвените ѓаволи“ за перманентен трансфер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Метро“ пренесува дека Милан испратил понуда од 14 милиони евра, што е за 6 милиони евра помалку од тоа што го бараат „црвените ѓаволи“.
Манчестер Јунајтед ја одбил првата понуда, но преговорите продолжуваат и се очекува двете страни наскоро да најдат заеднички јазик со вклучување на бонуси.
Португалецот оваа сезона запиша 24 меча за Милан во сите натпреварување, а подеднакво добро игра како десен и лев бек.