Францускиот репрезентативец Пол Погба е на излезна врата од Манчестер Јунајтед, а медиумите на Островот пренесуваат дека „цревните ѓаволи“ веќе ја почнале потрагата по негов наследник.
Погба пред три години се врати на „Олд Трафорд“ за тогаш рекорден трансфер, но не се прослави. Французинот не ги оправда очекувањата, особено во последната сезона кога само на моменти блесна.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Повторно на големо се шпекулира дека ќе си замине од Манчестер јунајтед, а Реал Мадрид води во трката за неговиот потпис. Јувентус исто така е заинтересиран за Французинот, но високата цена ги натера „бјанконерите“ да го оладат интересот.
Од друга страна, пак, тимот на Јунајтед веќе се спремаат за живот без Погба и имаат две имиња кои би можеле да бидат замена за Французинот.
Станува збор за Кристиан Ериксен кој веќе најави дека ќе го напушти Тотенхем, но прашање е дали ќе се согласи да премине во редовите на големиот ривал.
Другата опција е младиот Белгиец Јури Тиелеманс, кој вториот дел од сезоната играше како позајмен фудбалер во Лестер и одигра одлично.