Дома Фудбал Англија Јунајтед на платите на Санчо, Роналдо и Варан ќе троши пет пати повеќе од цел Брентфорд

Јунајтед на платите на Санчо, Роналдо и Варан ќе троши пет пати повеќе од цел Брентфорд

Манчестер Јунајтед ова лето сериозно се засили со доведувањето на Роналдо, Санчо и Варан, на нив потрошија 149 милиони евра.

Тие 149 милиони евра не се преголема сума за такви играчи, но поголемо оптоварување за „ѓаволите“ ќе бидат нивните плати. Не е официјално објавено, но медиумите тврдат дека ниту еден од нив нема плата помала 400.000 евра неделно. Ова значи дека Јунајтед сезонава на платите на тројцата играчи ќе потроши околу 70 милиони евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За споредба тоа е повеќе од годишниот буџет за плати на фудбалери на тимови како Лестер и Вест Хем, а сумата е пет пати поголема од целиот платен список на Брентфорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

На познат словенечки фудбалер му се заканува затворска казна од пет години

На познатиот словенечки фудбалер Тим Матавж (35) му се заканува петгодишна затворска казна…