Раководството на Манчестер Јунајтед е спремно да го продаде Пол Погба на крајот на сезоната и веќе ја одреди цената за Французинот.
Цената на Французинот сега е 100 милиони фунти, а агентот на играчот Мино Раиола е информиран дека Погба е слободен да замине во текот на летото, доколку се најде клуб да ја плати бараната сума.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поради честите повреди и лошата сезона падна цената на Погба, но Јувентус и понатаму посакува да го врати во своите редови.
Италијанските медиуми пренесуваат дека „бјанконерите“ се спремни на Јунајтед да му понудат 50-60 милиони евра плус Арон Рамзи. Велшанецот сака да се врати во Премиер лигата, а „црвените ѓаволи“ имаат потреба од таков играч.
Paul #Pogba wants to leave #ManchesterUnited in summer. He is first choice is #Juventus, that are working about his come back. Juve could offer to Red Devils €50/60M + Aaron #Ramsey. #transfers #MUFC
— Nicolò Schira (@NicoSchira) February 18, 2020