Дома Топ вести Јунајтед дава 400 милиони евра за Нејмар, но Бразилецот има услови: Донесете ги нив двајца и доаѓам!

Јунајтед дава 400 милиони евра за Нејмар, но Бразилецот има услови: Донесете ги нив двајца и доаѓам!

neymar

Тоа што не беше на прославата на титулата со соиграчите јасно говори дека иднината на Нејмар во ПСЖ е неизвесна.

Токму тоа го тврди и францускиот „DonBalon“, кој во јавноста излезе со приказна дека Манчестер Јунајтед е подготвен да плати 400 милиони евра за Бразилецот. Наводно, парите за Јунајтед не се никаков проблем, бидејќи се убедени дека Нејмар ќе им се исплати во повеќе сегменти на повеќе начини.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Меѓутоа, проблемот е наводните барања што Нејмар ги бара. Имено, Бразилецот бара од Јунајтед да доведе двајца фудбалери и и да гарантираат дека двајца од сегашниот состав ќе останат. Нејмар смета дека Хари Кејн од Тотенхем е идеален човек со кој би го делел нападот, бидејќи е спремен да се жртвува за тимот. Исто така, сака да го види Самуел Умтити од Барселона во дефанзивната линија.

Тоа можеби и нема да биде проблем со оглед на тоа што неодамна се појави информациа дека Умтити е многу блиску до Јунајтед. Бразилецот од Мурињо бара и да му вети дека клубот нема да го напуштат Де Геа и Погба. Токму со нив, Нејмар лесно би ја нападнал Лигата на Шампионите, што е негова цел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…