Од таброт на Манчестер Јунајтед планираат да го понудат својот втор голман Серхио Ромеро на Астон Вила со намера да го обезбедат потписот на Џек Грилиш.
Со Ромеро, „ѓаволите“ би ја намалиле цената за играчот за кој Астон Вила бара 80 милиони фунти.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За аргентинскиот голман како што пренесува „ЕСПН“ постои интерес и од тимот на Челси кој бара голман кој ќе го замени Кепа Аризабалага, а се интересираат и Лидс и Евертон.
Ромеро би можел да си оди од Манчестер Јунајтед откако стана јасно дека Дин Хендерсон нема да продолжи во Шефилд.