Доколку не успеат во намерата да ги осигураат услугите на Џејдон Санчо, раководните лица на Манчестер Јунајтед ќе се насочат кон Герет Бејл, пренесува „Скај Спорт“.
„Црвените ѓаволи“ никако не можат да го обезбедат потписот на Џејдон Санчо кој е нивна трансфер цел број еден ова лето, а како се доближува крајот на преодниот рок тие го губат трпението и се насочуваат кон други цели.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Една од алтернативите е Герет Бејл кој има „замрзнат“ статус во Реал Мадрид, клуб кој по секоја цена сака да се ослободи од него.
Минатата недела имаше шпекулации дека „кралевите“ дури би прифатиле да платат половина од неговата плата ако замине на позајмица, па Јунајтед сака да го искористи тоа.
Имено, клубот од „Олд Трафорд“ ќе се обиде да го донесе Бејл на двегодишна позајмица, односно до истекот на неговиот договор со Реал Мадрид.