Манчестер Јунајтед ќе биде активен на трансфер пазарот во јануари, па покрај Бруно Фернандеш е на добар пат да обезбеди и засилување за иднината.
Медиумите на Островот пренесуваат дека „црвените ѓаволи“ испратиле понуда од 12,5 милиони фунти за „вундеркиндот“ од Бирмингем, Џуд Белингам.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Иако има смао 16 години тој веќе запиша 23 настапи за Бирмингем, а моментално е на списокот на репрезентацијата на Англија до 19 години.
Белингам важи за еден од најголемите таленти на Островот, го следат сите англиски гиганти, па Манчестер Јунајтед сака да ја победи конкуренцијата.
Понудата од 12,5 милиони фунти вклучува и обештетување и соодветни бонуси, зависно од тоа како Белингем ќе се развива понатаму и ќе напредува.
За Белингам силен интерес покажуваат сите поголеми англиски клубови, но Манчестер Јунајтед е во пол-позиција за неговиот потпис.